САД, нагласи Брнз, ќе бидат со Северна Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за нашите заеднички стратешки цели.
– Северна Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стртаешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми, истакна Брнз.
Целите на САД на Балканот, нагласи Брнз, остануваат јасни и не променети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.
– Гледани посебно, секоја од земјите од Западен Балкан се мали пазари за сериозни инвеститори, но сите заедно се значителен и интересен пазар од 18 милиони е сериозно атрактивен за американските и европски инвеститори, истакна Брнз.
На крај на денот, порача Брнз, Северна Македонија припаѓа на Европската унија и иако е долг пат, важно е да се продолжи со напредок.
– Чекорите на овој пат се од особена корист за граѓаниет на земјата. Чекори како јакнење на владеењето на правото, борбата против корупцијата, подобрување на инфраструктурата, интегрирање на економијата со соседите, создавање на клима за инвестирање и бизнис, се работи кои не се само критериуми за ЕУ, туку се особено важни и за граѓаните на Северна Македонија, истакна Брнз.
Претседателот Бајден, посочи Брнз, во рамки на својата посета на Европа порача дека „мора да ја градиме заедничката иднина што ја бараме“, и продолжувањето на градењето на врските, нагласи Брнз, меѓу Северна Македонија и соседите ќе ја изгради таа заедничка иднина и ќе дозволи на земјата, регионот и САД да ја зголемат безбедноста и економската соработка.