Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби.

Претходно шпанските медиуми јавија за најмалку 140 загинати како последица на природната катастрофа предизвикана од поројните дождови во источна Шпанија.

Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, оставајќи ги патиштата и градовите под вода.