„Демократска Бугарија“ е подготвена за нови парламентарни избори во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.
Иванов истакна дека неговата партија нема да поддржи каква било форма на учество на ГЕРБ и ДПС во владата.
– Кога тоа ќе се случи, се надевам дека сите други формации што излегоа со ова ветување на изборите на 4 април ќе го одржат својот збор. Бугарија ќе биде ослободена од товар, изјави Иванов за БТВ, но додаде: „Во договорот за коалиција многу јасно напишавме дека не можеме да поддржиме влада со мандат од БСП“.