Пејачката освои 516 поени и ги доби симпатиите од публиката и жирито
Бугарската пејачка Дара е победничка на годинешното издание на Евровизија 2026, кое синоќа се одржа во Виена. Со песната „Бангаранга“, Дара успеа да ја освои публиката и жирито, освојувајќи вкупно 516 поени.
По речиси четиричасовна неизвесност и напната завршница, Бугарија ја обезбеди победата пред останатите учесници на натпреварувањето.
Израел втор, Австралија на третото место
Второто место му припадна на Израел, кого го претставуваше Ноам Бетан. Третата позиција ја освои Австралија. Меѓу земјите што добија високи оценки од гласачите беа и Италија, Финска, Данска и Молдавија.
Годинашното издание на Евровизија понуди разновидни музички настапи и различни сценски перформанси, а победата на Бугарија веќе се издвојува како едно од позабележаните изданија во последните години.
