Арсовски вели:

-Она кое што можам да го потенцирам е дека видовме дека Бугарската страна бара целосно идентитетско обезличување, но воедно она што нас не загрижува и она што е многу по запрепастувачки е тоа што нема демант ниту од Заев ниту од останатите дека зборел на состаноци дека бугарскиот и македонскиот народ биле исти или со сличен јазик. Заев вика дека ќе продолжел да моли во Софија, што значи дека тој сега моли да му го прифатат тоа што го говорел таму, а се уште не е до крај јасно истакнато што се говорел. И од она кое што можеме да го видиме дека со писмото се гледа дека Зоран Заев нема црвени линии кога станува збор за обезличување на македонскиот народ и на македонската држава