Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности при именувањето на граѓански здруженија и фондации на денешната седница не даде согласност за користење на името Цар Фердинанд во името на бугарскиот културен клуб во Богданци, потврдија за Телма од Mинистерството за правда.

По Ванчo Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, во Богданци бугарскиот културен клуб требаше да го носи името Цар Фердинанд по бугарскиот кнез и цар од 1887-ма до завршување на Првата светска војна 1918.

Фердинанд бил владетел во чие време Македонија била поделена, а бил активен учесник и во Балканските војни.

Советодавното тело беше формирано овој месец за да ги преиспитуваат контроверзните имиња на невладини здруженија и клубови. Денешната одлука е прва која што е донесена во Советот.