Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, во денешното интервју за ТВ 24 Вести изјави дека пред три години не бил нападнат физички во јавноста од неговите конзервативни сограѓани само поради неговата поддршка на Преспанскиот договор.
– Сакавме да организираме геј-парада во Солун во 2021. Не се одржа поради корона вирусот. Не знам што ќе се случува сега, рече Бутарис, кој деновиве е посетител на Скопје.
Тој додаде дека одбивањето на актуелната грчка власт да ги ратификува меморандумите во грчкиот парламент, согласно Преспанскиот договор, е поради внатрепартиски препукувања во владеачката Неа Демократиа.
– Верувам дека притисокот до крајот на годината од земјите членки на ЕУ и НАТО кон Бугарија ќе биде доволно голем за тие да сфатат дека тоа е за подобра иднина на двете земји, наведе Бутарис.
Политичарот кој 9 години беше градоначалник на Солун вели дека во Грција се уште се зборува дека „Северна Македонија“ еден ден ќе ги нападне и додаде дека на ниту еден сообраќајните патокази во околината на неговиот град повеќе не пишува ФИРОМ, туку само „Скопје“.