Почитувани аеродромци,

Ви благодарам на сите кои гласавте во првиот круг на Локалните избори. Благодарност до сите кои ја препознаа мојата програма и ми ја дадоа поддршката.

Особена благодарност до мојот тим, до младите, жените и повозрасните членови на СДСМ, до сите волонтери и активисти кои безусловно се вложија во оваа битка.

Упатувам искрени честитки до Timco Mucunski и неговиот тим за победата во Аеродром. Му посакувам успешна работа и реализација на изборната програма.
Јас секогаш ќе бидам на располагање на граѓаните и општинските служби, за работи кои се важни за жителите.

Затоа што Аеродром е на сите нас. ❤️

Искрено Ваш,
Александар Филиповски – Цанде, напиша тој на својот фејсбук профил.