Блерим Дачи бил ликвидиран синоќа во Приштина откако во неговото возило било пукано од друго возило со калашников. Возилото од кое било пукано е најдено запалено на патот кон Грачаница, а внатре полицијата нашла два калашникови, јавуваат косовските медиуми.

Возилото на Дачи било со македонски регистарски ознаки, СК 7711 BK.

Инаку Дачи на полицијата и во Македонија и во Косово е познат по трговија со дрога, обвинет за нелегално држење на оружје, повратник од боиштата во Сирија…