Д-р Андон Чибишев на денешниот протест пред Министерството за здравство под мотото „Здравјето не е статистика, жените против неправдите” ги изнесе неговите ставови околу пандемијата Ковид-19 и справувањето со истата.
– Цела година живееме во услови на пандемија, и за жал се уште од надлежните институции гледаме само неспособност, неодговорност и празни ветувања. За цело време на пандемијата здравствените работници се соочуваат со недостатоци на медицинска заштитна опрема. Доба дел од опремата сами си ја купувавме за да можеме заштитени да се појавиме на работните места и да се заштитиме од хоророт кој го предизвика вирусот Ковид-19. рече Чибишев.
Тој вели дека уште од почетокот на епидемијата имаме еден куп пропусти.
– Цела година ние живееме во епидемиолошка агонија, а се уште немаме уедначени протоколи за лекување. Тоа секојдневно го кажуваат прво матичните лекари на кои беше оставен голем дел од товарот. Сега за жал кога имаме недостаток на вакцини кога цел свет брои бројка на вакцинирани бројка на оние кои примиле втора доза од вакцината, ние за жал броиме новозаразени броиме починати пациенти, што е катастрофално, потенцираше д-р Чибишев.
Понатаму тој додаде дека власта констатно го пролонгира рокот за добивање на вакцини.
– Добиваме ветување дека ќе имаме вакцини до крајот на 2020 година, но не добивме, па јануари, па февруари, помина февруари, а сега добиваме ветување дека на крајот од март или почетокот на април ќе имало вакцини, ама и тоа се земало со доза на резерва, значи нема да имаме ни во април туку ќе останеме да се снаоѓа кој како може, рече тој.
За крај, тој повика да се одложи пописот бидејќи од дсостојбата со Ковид-19 од ден на ден се повеќе се влошува.
– Би сакал да ги повикам колегите од Комисијата за заразни болести, да се одважат и да се надминат себе си, и да донесат одлука и да и предложат на владата да го одложи пописот кој е планиран за месец април, инаку вие знаете дека последиците од пописот ќе бидат катастрофални по здравјето и животите на граѓаните, заврши д-р Чибишев.