Општина Карпош започна акција за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини на нејзина територија.
Акцијата ја спроведува Секторот Инспекторат на Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач „Green road“. Во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ биле подигнати неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водела инспекциска постапка.
Од Општината велат дека целта е да се ослободат јавните површини и да се подобри квалитетот на животната средина.
Оттаму апелираат до граѓаните за совесно однесување и соработка во акциите за почист и поуреден Карпош.
