Сонг-Мин, кој е вакциниран, имал два негативни тестови пред заминувањето за Јапонија, меѓутоа, при пристигнувањето на токискиот аеродром Нарита добил позитивен наод на Ковид-19.
Поранешниот олимписки првак во поединечна конкуренција од Атина 2004 и сопственик на два медали во екипна конкуренција, бронза од Пекинг 2008 и сребро од Лондон 2012, нема симптоми на болеста и е сместен во самоизолација во хотел во Токио.
Позитивен на коронавирус по пристигнувањето во јапонската престолнина е и член на чешката олимписка делегација.
– За жал, и покрај сите мерки, не можевме да ја избегнеме оваа ситуација, изјави шефот на чешкиот олимписки тим Мартин Дктор.
– Сите други членови беа негативни на коронавирус и сите спортисти се чувствуваат добро и веќе се сместени во олимпиското село, додаде поранешниот чешки кајакар, кој освои два златни медали во спринт на мирни води на Олимпијадата во 1996.