Според црногорскиот Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од почетокот на јуни до 2 јули биле извршени 5.689 ПЦР-тестови врз странски државјани во Црна Гора, кои чинеле околу 50 евра.

Помалку од еден процент од тестираните биле позитивни, односно Ковид-19 е регистриран кај 44 лица.

ИЈЗ не одговори на прашањата колку позитивни туристи биле хоспитализирани, дали и колку од нив барале лекување во здравствени домови и болници, колку биле тестирани и колку биле позитивни во општините.

Според податоците на Националната туристичка организација, на 5 јули во Црна Гора имало околу 62.000 туристи, што е деветпати повеќе од лани во истиот период, и 70 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019 година.