Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека замрзнало 44 имоти на 34 руски државјани против кои претходно се воведени санкции.

Во соопштението објавено синоќа се наведува дека тие го „направиле првиот чекор“ на линијата на стопроцентна усогласеност на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на Европската унија.

„За 44 недвижности Управата за катастар и државен имот донесе соодветни решенија со кои се ограничува располагањето со имотот во Црна Гора на овие лица“, се наведува во соопштението.