Според информациите од Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) врнежите од дожд значително придонесоа за намалување на сувост на вегетацијата
Промената на врмето и дождот кој во изминатото деноноќие наврна на територијата на државата е добредојдена, бидејќи ќе влијае на налување на сите параметри кои го сочинуваат вкупниот индекс на ризик од пожари. Врнежите од дожд, како што се наведува во информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред се ќе влијаат на сувоста на вегетацијата, влагата на воздухот, вегетацијата и акумулираната биомаса на површинскиот слој.
Според информациите од Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) врнежите од дожд значително придонесоа за намалување на сувост на вегетацијата.
„Картата на сувост на вегетацијата која МКФФИС се генерира врз основа на сателитиски измерени параметри, вредниста на индексот за сувост на вегетацијата за 6.8.2023 година , доминантно е со ниска вредност, со мали показатели за средно и високо ниво на мали подрачја“,
информираат од ЦУК.
Што се однесува до индексот за шумски пожари којшто се базира на измерените вредности од Автоматскит метеоролошки станици при УХМР (температура на воздух, влажност, ветер и внрежи., покажува „просечно ниво за северо-западниот, западниот и југо-западниот дел од државта, додека со индекс на „високо“ ниво е покриен централниот, јужниот и источниот дел од Републиката.
Сепак, како што велат од ЦУК, состојбите укажуваат на натамошна будност во однос на ризикот од пожари кои ќе бидат актуелни и во тејот на овој месец.
„Оваа состојба укажува на потребата од понатамошна континуирана подготвеност и будност за управување со кризи, бидејчи врнежите значително го ублажија интензитетот на пожарите, но ризикот од пожари ќе биде актуелен и во текот на август, бидејќи според метеоролошките прогнози, се најавува стабилизирање на времето и повторно зголемување на температурите“,
се наведува во соопштението од ЦУК.
Оттаму велат дека ќе продолжи со интензивна меѓуресорска комуникација и кооридинација со сите релеватни чинители од локално и национално ниво, со во текот на ова сезона на пожари последиците и штетите да се сведат на најниско можно ниво.
Според информацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од денеска најголемо количиество на дожд има наврнато во источниот и југостичниот дел од државата. Во Берово се измерени 31 литар на метар квадратен, 26 во Штип, 22 во Ѓуриште, 16 во Струмица. Исто така значителни количини дожд на метар квадратен се измерени и во скопската котлина (19 литри на метар квадратен), Тетово – 17, додека во централниот дел на земјата најголеми количини се измерени во Демир Капија (21 литар на метар квадратен), а најмалку во регионот на Гевгелија и Дојран (3 литри на метар квадратен).
Инаку, како што претходно денеска соопштија од ЦУК, активни пожари во земјава во моментов нема. Вчера на територијата на земјава имало над педесет пожари на отворен простор и сите се изгаснати.