Српската членка и претседателка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ денеска изјави дека она што го прават „неконтролираните привремени институции во Приштина“ претставува безбедносна закана за целиот регион.
Таа додаде дека се што се случува на Косово во последните години е срам за САД и ЕУ и дамка на нивното лице.
– Ова е уште еден показател за предизвиците со кои се соочува Србија и колку е важно да се зачува политичката стабилност за да може земјата во секое време адекватно да одговори на сите провокации и притисоци – изјави Цвијановиќ за Срна, пренесува Танјуг.
Таа посочи дека дава целосна поддршка на раководството на Србија во сите нивни напори за заштита на Србите на Косово и Метохија, како и интересите на државата Србија.