-Денес видов дека на социјалната мрежа Фејсбук се споделува текст кој наводно сум го напишал јас. Категорично ги демантирам наводите изнесени во тој текст и изјавувам дека јас не стојам зад истиот. Случајот кој е на штета на мојот углед и професионалност и има за цел да шири паника во јавноста, утрово го пријавив во полиција, пишува Докиќ.
Текстот што се споделува на социјалните мрежи е со предупредување дека поради лекарска и човечка одговорност докторот ја алармира јавноста да се грижи за своето здравје.