Поранешниот заменик претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи за првпат по големото фијаско на неговата партија се огласи на социјалните мрежи. Во неговата кратка и мистериозна објава тој вели дека нема да се откажел од политиката додека нема да направи промена.
Дали е на повидок промена на политичката партија?
Оттука, се отвора прашањето кои се аспирациите на Фатмир Битиќи. Една од можните варијанти е тој да остане во СДСМ и да се бори да ја реформира истата, но од друга страна кружат шпекулациите дека е можно да се префрли во албанските субјекти, ДУИ и ВЛЕН. Останува да видиме на кој чекор ќе се одлучи Битиќи, иако еден од можните чекори е префрлање во идниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН.
На самата објава која ја објави Битиќи пак, има поддршка од членови на СДСМ што дополнително отвора нови прашања за кој ќе биде идниот чекор на поранешниот вицепремиер и заменик претседател на СДСМ.
Разни шпекулации низ претходните месеци
Претходно, за Фатмир Битиќи имаше шпекулации дека ќе биде технички премиер на државата, но на истата позиција беше Талат Џафери. Исто така, можно беше тој да биде и претседателски кандидат на СДСМ, но партијата се одлучи да оди одново со Стево Пендаровски.
„Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“, напиша тој на социјалната мрежа Фејсбук на македонски и албански јазик.