Во регионот, во Хрватска веќе започна вакцинацијата кај групата тинејџери, односно од 12 до 16 годишна возраст, но првично се вакцинираат деца со идикации, конкретно дечиња со некакво хронично заболување. Сепак, освен децата кои боледуваат од хронични болести, вакцина ќе може да примат и сите останати деца од оваа возрасна категорија, но само со задолжителна согласност од родителите.
Истовремено и педијатрите во Србија размислуваат да ја започнат вакцинацијата против корона вирусот кај децата, нагласувајќи тие апсолутно се залагаат за вакцинирање на деца од 16-годишна возраст, бидејќи повеќето од тешките клинички слики биле токму на таа возраст.
-И кај деца на возраст од 12 години, треба да се размислува да се прима вакцината против Ковид-19, бидејќи и тие деца се загрозени и се носители на инфекции. Видовме дека вакцината е ефикасна и безбедна и дека нема никакви компликации, освен некои локални реакции, што е нормално по секоја вакцинација, изјави за РТС вчерашефицата Детската клиника на КБЦ, д-р Оливера Остојиќ.
-Во нашите планови за пристигнување на вакцини, таа бројка на деца од 12 до 16 години можеме да ја покриеме со количина. И ќе ја зачуваме, ќе ја проектираме да биде за децата. Нормално дека нема да биде задолжителна. Има работа во однос на тоа да се подготви протокол, има многу препораки како би се одвивала наставата во една училница во однос на циркулација на воздух, отворање на прозори, рече тогаш Филипче.
Еден од врвните епидемиолози во Македонија и повеќедецениски експерт за вакцини, д-р. Александар Стојанов, во разговор за Фактор вели дека најважно е вакцините да се безбедни, истовремено нагласувајќи дека во целата негова практика, не се случило ништо страшно по примање вакцина, освен оние познати локални реакции.
Повеќе на Фактор