Пред две недели, Данска беше една од првите европски земји која привремено ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека откако беа пријавени мал број ретки видови на згрутчување на крвта, кои беа пријавени во Данска, но и во други земји.
Повеќето европски земји кои претходно ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека ја продолжија вакцинацијата со оваа вакцина откако Европската агенција за лекови (ЕМА) спроведе истрага и соопшти дека таа е ефикасна и безбедна. Светската здравствена организација (СЗО) исто така препорача да се продолжи со вакцините на АстраЗенека.
И ЕМА и СЗО минатата недела соопштија дека придобивките од имунизацијата со вакцина на АстраЗенека ги надминуваат потенцијалните ризици.
Данската Влада утрово го извести Парламентот за продолжување на прекинот на имунизацијата со оваа вакцина.