Кофод, средбата со Османи ја оценува како плодна, нагласувајќи дека со „добриот колега имале конструктивен дијалог за геополитиката на Западен Балкан“.
Данска очекува што поскоро старт на преговорите за членство на С. Македонија во ЕУ
Д
Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме што поскоро да почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ, наведе на неговиот твитер-профил министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по вчерашната средба со македонскиот колега Бујар Османи.