Центарот за управување со кризи соопшти дека туристот во 10.45 часот ја пријавил оваа несекојдневна случка, а тој има повреди на нозете.
Скијачот е префрлен во тетовската болница
Од ЦУК додаваат дека екипата на итната медицинска помош од Тетово му укажала грижа на данскиот турист и го транспорирале директно во тетовската болница. Се истражува дали има дополнителни повреди и колку се сериозни истите.
„Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде што дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите“,велат од ЦУК.
Повредениот скијач не бил сам, а тоа било група на луѓе кои скијале по необележаните патеки како авантуристи.
Во мавровскиот регион зачестија појавите на мечки меѓу локалното население
Ова не е прв случај на излегување на мечка во близина на населено место, а минатата година често имаше присуство на мечки. Се издвојува мавровскиот регион каде има опасност од мечки кои го напаѓаат локалното население.
Последен ваков случај имавме на втори декември кога мечка беше удрена од возила во близина на тетовско додека со две помали мечиња го поминувала патот.
Инцидентите не се само на патишта. Пред неколку месеци помеѓу селата Пласница и Ораоец во Општина Македонски Брод имаше ваква случка, а интервенираа ловџии кои случајно се затекнале на местото
Извор: Оф.нет