Во чест на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември, тие се поклонија пред загинатите борци, посакувајќи во слобода да го градиме и развиваме нашиот град.

–Нашиот главен град денес празнува 77 години ослободување од бугарскиот фашистички окупатор. Сеќавајќи се на минатото, се поклонуваме пред нашите предци, чие дело го славиме и чуваме. Ние и нашата генерација сме денешното Скопје, ние сме неговата сегашност. Ние ја градиме оваа негова приказна. Ќе дадеме се’ од себе на денешно Скопје да му дадеме нов, модерен лик, да го направиме град во кој ќе биде гордост да се живее. Нека биде тоа нашата борба за Скопје, нашиот влог во иднината!, вели градоначалникот Ѓорѓиевски во честитката што ја упати до граѓаните.