Денеска, понеделник (1.01.2024 год) јавниот превоз во Скопје ќе функционира по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од ЈСП притоа додаваат дека билетарницие и центрите за персонализација нема да работат

Од вторник (2.01.2024 год) јавниот превоз и сите услужни центри на ЈСП ќе продолжат да функционираат вообичаено, притоа возниот ред ќе биде редуциран и ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Жичарницата денеска ќе работи од 11 до 17 часот.