Минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 денар/литар.
Од 22.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС 95 – 69,50 (денари/литар).
ЕУРОСУПЕР БС 98 – 71,50 (денари/литар).
ЕУРОДИЗЕЛ БС – 62,00 (денари/литар).
Екстра лесно 1 – 62,00 (денари/литар).
Мазут – 36,009 (денари/килограм).