По тој повод денеска со почеток во 11 часот, ќе се реализира трасата на движење што ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски”, лево по бул.„Гоце Делчев”, лево по бул.„ВМРО”, десно по бул.„Партизански одреди”, десно по бул.„8 Септември” и десно по бул.„Илинден” до Градски парк (Школка), информираат од Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 11 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.