На улица „Орце Николов“ во Дебар Маало денеска од 08.00 до 15.00 ќе има времен режим на сообраќајот поради санирање на кружниот тек, информираат од Општина Центар.

Сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски“ до улица „Ленинова“ во една насока.

Општина Центар апелира до граѓаните да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот режим на сообраќај.