Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека денеска делови и Центар и Карош ќе бидат без вода поради санирање на дефект.

Поради отстранување дефект на затворач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од Ф 80мм, на улица Питу Гули 4, од 9 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Питу Гули, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов, Капиштец, Караорман, Ацо Карамнов и Ловќенска. (Општина Карпош и Општина Центар)

Поради отстранување дефект на затворач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од Ф 100 мм, пред влезот на ГТЦ, од 9 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Мирче Ацев, Мирче Мацан и дел од ул. Филип 2 на потегот од од Градска Болница – Наум Охридски до хотел – Холидеј ин (Општина Центар).