Првично до Советот биле доставени осум апликации, а заклучно до денес уште две кандидатури пристигнале по пошта.
Огласот за избор на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е распишан поради истек на мандатот на петмина од ова Обвинителство.
Конкрусот официјално е завршен на 1 декември, и во следниот период, како што велат од Советот, ќе бидат разгледени кандидатурите.
Во април годинава Советот на јавни обвинители донесе одлука за избор на пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.
За обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Советот ги избра обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Колариќ.