Тој на Иван Јорданов, кандидатот за градоначалник на Штип му нагласи што треба да промени оваа генерација политичари:

1. Доста беше од некадарни партиски паразити на власта да ги фаќаат местата на способните во општините и државната администрација. Да направиш способна и професионална администрација на компетентни луѓе кои ќе одговорат на потребите на граѓаните. Избери ги најдобрите, така ќе имаш резултати.
2.Доста беше од локални бизнис моќници, и новокомпониран инстант бизнисмени кои се доближуваат до локалната самоуправа само да се доберат до маркица за некоја нова зрада, нов бетон во кој ќе се гушат граѓаните.
И таквата брза заработувачка прави да имаме денес градоначалници кои станале кметови одлепени од народот затоа што канцелариите им се полни со куферчиња пари за брзи маркици за градба.
Затоа најчесто таквите градоначалници од власта ги викаат со популарно име “комшии”, зошто во секоја нова зграда, ако претходно не заиграло куферчето пари добиле нов стан, а ако има повеќе згради со тоа и повеќе станови. И најчесто таквите со куферчињата само се префрлаат од стариот кон новиот градоначалник.
Затоа кога е ти дојде некој таков веднаш да го избркаш така силно што никогаш друг пат нема да му текне да направи таков нечесен потег, и да го поздравиш со пријава до полицијата. За памет за сите други идни.
3. Не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Кога ќе се гради, треба да се гради паметно и со план за иднината. А од зеленило, дрва, паркови никогаш доста. Мора да има повеќе.
Природата е нешто што е трајна вредност. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град.
4.Да посветиш внимание на луѓето со посебни потреби. Тоа се исклучително интелегентни луѓе, а ние нашето внимание не смееме да го штедиме. Нашата држава си поигрува со нивната тешка судбина, ти треба да бидеш нивниот глас за нивните права.

5. Кон трошењето на парите во општината мора да имаш пристап како кон своите пари. Грижливо и штедливо. Доста е расипништво какво што гледаме денес. Службени ручеци, гозби а дравна сметка платени од гладниот народ. На секој ставен залак во уста, знај дека има пола милион луѓе во државава што ивеат во потполн глад. Запамети го ова. Биди хуман, помагај. Решавај проблеми.
6. За 4 години не смее да има урбано место кое нема да има канализација, водовод кој се гради за да има пристојни услови за живот. А не како сега. Кофите на рамо по свежа вода, ама важно Заев има полна уста со Европа и Недела го прогласиле неработен ден, во услови кога 60 илјади останаа без работа.
4 години нов автопат нема изградено, освен оние кои ги наследија од влаадата на ВМРО-ДПМНЕ. Не смее да има поголемо населено место без нов асфалт. Мора да се градат конекции.
7. Денес илјадници луѓе остануваат без работа. Текстилните работници се меѓу најпогодените. Градоначалницците на власта ги штитат газдите кои немилосрдно печалат на трудотна работниите, додека работникот е незаштитен. Мора да се бориш за сеое работно место, и да носи нови инвестиции. Нов елан, народот да почуствува нова енергија и да бидеш заштитник и двигател на развојот на економијата.
8. Мора да бидеш транспарентен и достапен. Да не се случи како сегашната власт само да се гледаат градоначалниците по ток шоу емисии или по кафеанри и ресторани. Работа не чека, а ние ќе ја имаме одговорноста.
9. Сѐ што ќе ветиш, да оствариш, и да работиш повеќе од тоа за да исполниш и повеќе од ветеното.
10. На крај, најважното, твојот актуелен градоначалник во една емисија кажа дека е ГОСПОД. Не заборавај, никогаш немој да заборавиш, ти му служиш на народот, а не тој тебе, и не си Господ. Далеку од тоа. Треба да бидеш слуга на народот, на својот град, на својата земја. И никогаш да не разочараш.

Само така, ќе го исполниме нашиот сон, нашата визија на поврзани градови, на хумани и зелени средини. Само така ќе стане и достижен европскиот сон за Македонија – рече Мицкоски.