Станува збор за Костадин Костадинов, еден од најгласните апологети на владејачката партија. Тој ја вршеше функцијата В.Д. Градоначалник на Струмица во 2016 година, а на претстојните локални избори ќе трча како кандидат за истата градоначалничка позиција.

Костадинов речиси целиот свој живот членува во СДСМ и е истакнат и активен партиски член, а секоја функција која тој ја има вршено и работа која ја има работено е резултат на партиско вработување од страна на својата матична партија. Без значаен работен стаж во приватниот сектор или неполитичка функција, Костадинов сепак може да си дозволи носење и луксузирање со скапи часовници и моторни возила.

Тој исто така е сопственик на стан во Скопје, поточно во облакодерите „Џевахир“, а фотографиите подоле сведочат за неговото јавно појавување со скапи часовници и видео на кое вози мотор марка „БМВ“ – работи кои ретко кој Македонец може да си ги дозволи.

На првата фотографија е очигледен часовникот марка Гармин, за кој лесно се доаѓа до податок дека чини 71.480 денари.

Тој исто така се има пофалено и со мотор „БМВ“ на кој гордо се снима како вози, а неговата вредност е над 15.000 евра. Според информации на Радио Лидер, моторот на Костадинов е купен од неименуван бизнисмен близок до власта. Костадинов исто така има другар со кого заедно ги возат моторите, а видеото кое е приложено датира од Будва, снимено ова лето.

Прашањето кое се поставува е како Костадин Костадинов, кој работи за пратеничка плата од 60.000 денари, кој како што вели ги донира парите од патните трошоци, живее во луксузен стан во Скопје и живее луксузен живот со скапи мотори, чевли, одела и часовници.