Жителите на Кисела Вода утринава биле вознемирени од пожар што избувнал во орман на ЕВН, поставен пред станбена зграда.
Пожарот избувнал рано утринава
Настанот се случил околу 05:30 часот пред влезот на станбен објект во близина на населбата „11 Октомври бараки“.
Според информациите, граѓаните слушнале детонации, додека густ чад бил забележлив низ населбата.
Изгореле кабли во орманот на ЕВН
Од Министерството за внатрешни работи за „Курир“ информирале дека пожарот бил пријавен во СВР Скопје околу 05:45 часот.
„Денеска околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот ‘Борис Трајковски’ настанал пожар во орман на ЕВН, при што изгореле кабли. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, соопштиле од МВР.
Се утврдуваат причините за пожарот
Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот и за целосно расчистување на случајот.
