Девет деца загинале во експлозија во источен Авганистан, во близина на границата со Пакистан, а четири се ранети, соопшти денеска канцеларијата на локалниот гувернер.
Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила во областа Лалопар, во источната провинција Нагархар, кога количка, со која се продавала храна, удрила во стара минофрлачка граната.
Американските медиуми наведуваат дека засега нема други детали за несреќата.
Провинцијата Нагархар е седиште на ривалите на талибанците, таканаречената Исламска држава, која изврши неколку напади врз нив откако тие ја презедоа власта во Авганистан во средината на август минатата година.
Исламската држава, додаваат американските меидуми, во Авганистан оперира од 2014 година, извршувајќи досега десетици напади, најчесто насочени кон малцинските шиитски муслимани во земјата.