До 18 часот денеска биле евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор. Два од нив сѐ уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Едниот активен пожар е шумски и гори во атарот на селото Бајково, во општина Струмица. Вториот е на подрачјето на селото Гарани, во општина Кичево, каде што се зафатени ниска вегетација и стрништа.

Под контрола е пожарот кај селото Мокриево, во општина Ново Село, каде што горела ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите на териториите на општините Гази Баба, Гостивар, Кочани, Теарце, Чешиново – Облешево и Шуто Оризари.