Девет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во селото Ројак во Варна, изјави дописникот на бугарски БТВ.
Според него, во домот имало околу 60 возрасни лица, а повикот за пожар е примен нешто пред 18 часот вечерва.
На местото на пожарот веднаш се испратени 5 противпожарни и спасувачки екипи.
Според информациите, останатите постари лица се евакуирани, а се вели дека пожарот избувнал од покривната конструкција на зградата и го зафатил третиот кат.
Директорката на домот Милена Мазурик изјави дека причините ќе се разјаснат утре.
Пожарот е локализиран, а акциите за гаснење продолжуваат.