Со 22 гласа актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, согласно последната промена од Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК најавуваат дека првата прес-конференција денеска ќе ја одржат во 19 или 20 часот.

Според резултатите објавени на веб страната на Државната изборна комисија, по преброени 100 отсто од гласовите во Куманово, каде гласале 46.249 од вкупно 93.986 гласачи, Максим Димитриевски освои 15.164 гласа или 32,79 %, Оливер Илиевски од СДСМ освои 15.142 гласа или 32,74%, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски освои 8.582 гласа или 18,56%.

Теодора Димитровска од ЛДП/ДОМ освои 1.028 гласа или 2,22 %, а Беким Салиу од Алијанса за Албанците и Алтернатива освои 4.257 гласа или 9,20 %.

Според првичните и се уште неофицијални податоци од ДИК, неважечки во Куманово се 2.076 ливчиња.