Честито Битиќи! По втор пат со тврдење дека помошта е 350 милиони евра го демантираш Премиерот и многу други официјални и партиски лица за тврдењето дека помошта од пакетите за КОВИД-19 е 1 милијарда евра, напиша на социјалните мрежи Гордана Димитриевска Кочовска.

И самиот призна дека станува збор за тоа што ние во континуитет го говоревме уште на самиот почеток. Дека дупката во буџетот ќе биде голема зошто реализацијата на приходите беше значајно пониска од она што се планираше во 2020 година. И пак тука се побивте сами. Премиерот и министерот викаа дека буџетот е во добра кондиција! НЕ БЕШЕ и НЕ Е. Но, и покрај тоа, вие најдовте пари за ГАМА, не ги сопревте вработувања во јавна администрација по партиски клуч, не ги сопревте неродуктивните трошења, а не обезбедивте дополнителни пари за здравство? Ни изостана директната помош од ЕУ (без камати), а скокате за заемот од Светска Банка на кој ќе плаќаме камата. И уште скокате и скокате, а јас потпишав речиси 1 милијарда евра задолжување за да можете да трошите за здравство и за економијата. Потем, вашата тогашна министерка можеше и сама да го потпише заемот. Тоа што не направивте вистински приоритети, туку ги реализиравте вашите приоритети е проблем кој како товар ќе го носат сите граѓани долго после кризава.

И доста за разликата во камати. Објаснив како не се мешаат баби и жаби во еден претходен напис (прочитајте и научете). А за тоа на што се потрошило во минатото од задолжувањето сите знаат и гледаат. Не е Скопје 2014 главниот ваш проблем. Проблем за вас е што немаше само едно училиште (како во ваше време), туку имаше стотици нови изградени и реновирани училишта, градиники, спортски сали, стадиони, локални и регионални патишта, автопати. А ВИЕ со ШТО ќе се пофалите? Не можете ни белите ленти на патиштата да ги обновите.

И за тоа дека сме многу успешни во справување со кризава – дека сме една од земјите со најниски стапки на пад на БДП во 2020 година, пак манипулација! Има многу земји од ЕУ што се подобри од нас (вкупно 13). Полоши се оние земји кои имаат голем удел на туризам во БДП и оние кои имаа неколку месечни карантини и затворени економии. А ние? Ни тоа, ни тоа, а пак домашната побарувачка има голема контракција. На помош ни е опоравувањето на извозoт, и тоа од странските капацитети во зоните кои под влијание на побарувачката во Германија/ Кина почнаа да извезуваат. Пак резултат од претходнитe политики на ВМРО-ДПМНЕ, не ваш!!! Пак ве вадиме…

И за крај, Битиќи вие како Влада ниту во еден момент не планиравте пад од 10% на БДП за 2020 година, па сега да се фалите дека сте успеале да го намалите?! Напротив. Падот го планиравте да биде 3,4%, па кога видовте дека тешко ви иде во справување со кризава ревидиравте на 4,4%. За разлика на пример од Германија (нели сакаме да играме во лига на шампиони, не во регионална лига), каде падот иницијално беше проектиран на 6,6%, а заврши со 4,9%. Обратно од Македонија! И господо, со вас не сме ни за регионална лига!!!

 

Честито Битиќи!
По втор пат со тврдење дека помошта е 350 милиони евра го демантираш Премиерот и многу други официјални…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Tuesday, March 16, 2021