„Анкетата на ИПИС во суштина го покажува она што народот го мисли и чувствува. А, тоа е дека овој народ не и верува на Владата и нема доверба во премиерот. Од друга страна податоците јасно од анкетата покажуваат дека граѓаните му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, и од тука е толку големата предност. А, да кажеме претседателот Мицкоски има и дупло поголема предност во однос на премиерот, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при увид на градежните активности во изградба на пожарна станица во Свети Николе во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Димитриеска Кочоска додаде дека ова од една страна за ВМРО-ДПМНЕ е и многу голема обврска, но и задача или задолжение да се бори за работите кои што граѓаните ги бараат.

„Морам да кажам дека анкетата ја покажува волјата на народот, но истовремено покажува и дека СДСМ поради тие податоци кои што ги имаат и знаат во суштина бега од избори, точно заради тоа не сака воопшто да влезе ниту во дијалог. Значи нивното однесување е комплетно антидржавно, посветени се комплетно на маркетинг, на ПР, се со цел да се обидат на некој начин да ги скријат овие податоци кои што повторно ќе кажам јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е далеку пред СДСМ“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ вели дека е време за избори. Но, СДСМ очигледно е дека не сака да се соочи со народот кој што јасно покажува дека верува на ВМРО-ДПМНЕ.