– Токму овде во Загреб, пред две декади ја парафиравме Спогодбата за стабилизација и асоцијација со која започна нашиот евроинтегративен пат. Пријателска Хрватска била и останува еден од нашите најголеми поддржувачи во процесот на пристапување, а нивните заложби и посветеност се потврдија и за време на претседателството со Унијата кога, во март 2020 година го добивме зеленото светло за почеток на преговорите, рече Димитров.

Димитров посочи дека со премиерот Пленковиќ заеднички констатирале дека е потребно што е можно побрзо да се постигне консензус за Преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција со Македонија.

– Крајно време е оваа одлука да стане реалност, порача вицепремиерот Димитров.

Соговорниците, како што соопшти СЕП, се осврнаа и на тековната билатерална соработка која вклучува и конкретна поддршка за јакнење на националните административни капацитети за усогласување на законодавството со правото на ЕУ како и споделување на хрватските искуства за унапредување на координативните механизми и преговарачката структура.