Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, оствари билатерална средба со заменик-претседателот на Владата на Унгарија, Золт Семјен. Средбата е дел од рамките на меѓувладината седница помеѓу Република Македонија и Република Унгарија,
(ВИДЕО) Мицкоски по средбата со Орбан: Унгарија е поддржувач на македонската европска иднина
На средбата беше истакнато дека двете земји споделуваат исти традиционални вредности во повеќе сфери. Особено во поглед на европската интеграција, безбедноста во рамките на НАТО, економската соработка и слободата на вероисповед.
Поддршка за верските заедници и националниот идентитет
Димовски нагласи дека Уставот на Република Македонија јасно ја регулира положбата на верските заедници. Тоа значи дека се обезбедува рамноправност за Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница, како и останатите 44 регистрирани верски субјекти.
Во разговорите беше подвлечено дека државата има обврска да го зачува националниот идентитет. Не само во границите на земјата, туку и во дијаспората.
Унгарија останува силен сојузник
На крајот од средбата беше потврдено дека Унгарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон целосно европско интегрирање, нагласувајќи ја важноста на меѓусебната соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји.
Извор: Република