„За време на секаква криза и предвидувања дека таа уште ќе се продлабочи, социјалниот дијалог треба да биде на највисоко ниво. А, тоа го пишуваат и светските литератури и без разлика дали тоа се од страна на работодавачите или од страна на синдикатите. И според мене за жал, на први мај овој социјален дијалог го изгасна светлото и почнаа баш буквално Владата да штеди преку нас работниците, не зголемувајќи ги платите онолку колку што порасна минималната плата“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Димовски посочи дека ССМ бара да важи усогласувањето на платите согласно законот за минимална плата од 01.05.2022 за 2.806 денари за сите граѓани, за да може за да се справат со енергетската криза.

„За мене министерот Бесими е главен виновник за ова што денеска не спроведува усогласувањето на платите согласно законот за минимална плата како министер требаше да си ги обезбеди парите. На состанокот ми рекоа Дарко не може од 01.05.2022 година бидејќи нас ни треба време оваа позајмица да ја земеме од ММФ и истата да ја усогласиме во Законот за извршување на буџет бидејќи овие средства ќе ги направиме наменски за плати и тоа може да го направиме најрано на 01.07.2022. Баш буквално ја подадовме раката и бевме изложени ние зошто не од 01.05.2022 меѓу работниците туку од 01.07.2022“, рече тој.

Тој додаде дека премиерот вели дека ја очекува државата тешка зима, но пари се потребни за да граѓаните ја поминат
таа тешка зима.

„Мене ми е многу криво зашто на први мај бевме изиграни од страна на Владата“, нагласи претседателот на ССМ.

Ние поднесовме пријава до Владата, до основниот граѓански суд и минатата недела баш буквално со нашите европски и светски синдикати ќе поднесеме до Европскиот совет. Тужбата е спремна и ја разгледуваат експерти од Европа. Таа тужба е направена од бивши судии од Уставен така и од Основните судови. И сосема легитимно е правото и уставно загарантирано да се усогласи минималната плата“, појасни Димовски.