Партијата Алијанска за Албанците е на прагот да постигне договор за влез во владата со што би се зголемило парламентарното мнозинство.
Нивниот лидер Арбен Таравари во изјава за медиумите по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека 90 проценти од работата е завршена.
-Верувам дека да, но воопшто не разговаравме за кадровски решенија. Сметам дека следните денови треба да ги отвориме и тие прашања. Гледајте, не е дека ќе се согласиме баш со сѐ. И ние имаме црвени линии, но денеска воопшто не разговаравме за ова прашање, рече Таравари.
Но ова мислење Таравари го немаше додека беше Генерален секретар на партијата, тогаш за Таравари, партијата ДУИ беше криминална.
-Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот, велеше Таравари пред само неколку години.
Оттука се поставува прашањето, што го премислило Таравари да го промени мислењето?