Францускиот весник наведе дека за време на грабежот членовите на семејствата на двајцата фудбалери биле држени како заложници, додавајќи оти тоа било причината поради која тренерот Маурисо Покетино, по краток разговор со спортскиот директор Леонардо, предвреме го повлече Ди Марија од теренот во неделата.
Соиграчот на Ди Марија и капитен на францускиот првак, преку клупското соопштение, истакна дека домот на неговите родители бил ограбен за време на натпреварот против Нант, додека неговото семејство било во куќата.
– Меѓутоа, никој не е повреден и сега сите се чувствуваат добро. Француските власти започнаа истрага, посочи Маркињос.
Аргентинецот Ди Марија, кој минатата недела го продолжи договорот со ПСЖ за уште една сезона, до 2022 година, веќе еднаш беше жртва на обид за грабеж во 2015 година, додека го носеше дресот на Манчестер јунајтед.
„Л“ Екип“ објави крадците украле од домот на Ди Марија сеф во кој имало накит и часовници во вкупна вредност од најмалку 500.000 евра.
ПСЖ го загуби вчерашниот натпревар против Нант со 4:1 што за клубот од Париз беше четврти пораз сезонава во француското првенство.