Потресно сведоштво од македонски граѓани во Израел стигна до редакцијата на „360 степени“. Мајка и ќерка раскажуваат за патот кој го имаат поминато од израелскиот град Ашдод до Скопје. Тие замолиле да останат анонимни поради понатамошни испрашувања од јавноста.
Страшно. Немам други зборови со кои можам да го опишам тоа што го поминавме. Беше сосема нормална вечер, а веќе утрото нè разбудија силните сирени кои значеа дека нешто не е во ред. Во еден момент почнаа да се слушаат силни експлозии. Иако беше сè уште неразденето надвор, сè блештеше од експлозиите. Сè се тресеше. Не знаевме каде да одиме и што треба да правиме, вели соговорничката.
Она што ја разочарало е тоа што МНР и амбасадата во Тел Авив во првите денови од нападот не се потрудиле да им обезбедат безбеден транспорт од Ашдод до Тел Авив
Таа раскажува и за нивниот следен ден во Израел, како и за контакт со амбасадата и нападите кои биле таму.
„Стравот и стресот што го видов во очите на ќерка ми и на пријателите кои беа со нас, солзите кои не престануваа да течат, ми беа доволни за да продолжам да барам излез од Израел. Расплакани, трчавме по шалтерите и баравме лет. Среќа што во една компанија, кога нè видоа преплашени, ни рекоа дека има четири празни места за летот за Атина. Веднаш извадивме пари за да платиме и тоа веќе беше едниот светол зрак. Но, на патот до облаците имаше уште неколку панични трчања и криење кога се уклучуваа сирените“, додава соговорничката.
Целото интервју може да го погледнете ТУКА.