Го пренесуваме соопштението во целост:

Шилегов е воочливо нервозен затоа што нема ништо направено, а нема ниту понуда што би направил, тој копира од ВМРО-ДПМНЕ.

Брзиот кружен тек кој го најавува кај Момин поток е проект на Коце, исто како и подземната сообраќајница кај Јужен булевар, која ја гради Лимак, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало. Но и по тоа што од функција си го зголеми имотот за половина милион евра.

Додека скопјани чекаа нови проекти, Шилегов си ја градеше хациендата во Маврово и креваше два спрата дивоградби на зградата во Карпош.

Скопјани очекуваа проекти, а 4 години градот стагнира.

Скопје мора да биде посредено, Скопје заслужува да оди напред, велат од партијата.