Стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе биде домашниот терен во утрешниот натпревар со Ерменија. Денеска македонскиот национален тим го одржа последниот и единствен тренинг на теренот овој стадион.
Селекторот Благоја Милевски ги имаше на располагање сите играчи, и сите ќе му бидат достапни за утрешниот пријателски меч против Ерменија.
Екипа.мк пренесува дека македонските фудбалери го „пробаа“ теренот на кој утре ќе се игра натпреварот. После неколку години, селекцијата се враќа на овој стадион, поради тоа што тревникот на Националната Арена „Тодор Проески“ треба да добие нов лик.
А, од националниот тим најавуваат дека без разлика што станува збор за пријателски натпревар, мечот е важен и ќе се оди да се победи.