Доктор Фанка Гилевска од клиниката „Систина Офталмологија“ е меѓу деветте добитници на Меѓународната МЕДИС награда за медицински истражувања за 2021 година.

Нејзиниот научно-истраувачки прилог беше прогласен како најдобар во областа на офталмологија во рамки на документарната емисија „Моќта на довербата“ во која беа прогласени и останатите добитници на наградите, коишто доаѓаат од пет држави. Конкурсот веќе осма година по ред наградува извонредни истражувачки достигнувања на лекари и фармацевти од деветте држави на Централна и Југоисточна Европа.

Фанка Килевска, е првиот автор на оригиналниот научен труд со наслов: Are changes in visual acuity and astigmatism after corneal cross-linking (CXL) in keratoconus predictable? кој е објавен во научното списание Graefes Archive for Clinical and Experimental Ophthalmology.

При приемот на наградата таа изјави дека е многу среќна што е дел од финалисите на наградите на МЕДИС.

– Сега работам уште повеќе и со поголема мотивација на својот втор труд. Овие награди ги чувствувам како силна поддршка истражувањата да се прават паралелно со клиничката работа и многу вредно признание за досегашната работа. Благодарна сум што работам во болница, во тим која е пријател на науката и ме поддржува еднакво во работата и истражувањата. Моето семејство ми е најголема среќа и секојдневна инспирација, рече Килевска.