Големи колони од возила и застој во сообраќајот се формираа вечерва на автопатот Тетово–Скопје. Причината е сообраќајна несреќа во близина на наплатната станица на влезот во Скопје, објавија неколку портали повикувајќи се на неофицијални информации.

Според првичните информации, сообраќајот на оваа делница се одвива значително отежнато. Кај патарината се создадени долги колони од автомобили.

Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту дали има повредени лица. Надлежните служби работат на расчистување на местото на настанот и на нормализирање на сообраќајот.

На возачите им се препорачува да возат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат трпеливи додека целосно не се воспостави нормален проток на возилата.