Довчерашниот кошаркар на Работнички, Пол Џексон својата кариера ќе ја продолжи во полското првенство.

Вечерва, тој беше официјално претставен од неговиот нов тим Зјелона Гора, петкратен шампион на Полска при што последната титула ја освои во 2020 година, а е и поранешен учесник во Евролигата.