Според градоначалникот на Општина Василево, Марјан Јанев, не се дозволува ширење на пожарот, кој гори повеќе денови.

-Денеска продолжувеме со гаснење со координарана акција на сите институции и месното наа/селение. Дождот кој заврна синоќа околу 21:30 часот помогна да се стави пожарот под контрола и од утрово почнуваме со негово локализирање со засекување на линијата на ширење. На многу места има изгорени големи дрвја, кои се уште тлеат и ќе треба време да бидат изгаснати, рече градоначалникот на Василево, Марјан Јанев.

Пожарот зафати букова, дабова и габерова шума, како и лисната маса на поголема површина, а заради непристапноста на теренот отежнато е гаснењето.